Има многу претпоставки за вирусот, не само кај нас, туку секаде во светот. Тоа што се случува кај нас е да, има намалување на притисокот на пациенти во болници. За разлика од првите денови од ноември кога притисокот беше огромен, изјави во емисијата КликПлус на ТВ 21 министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека вирусот во последните денови се смирува, односно вирулентноста се намалува, меѓутоа и понатаму здравствените власти се се внимателни, бидејќи вирусот е непредвидлив.
Филипче истакна и дека се уште е далеку моментот кога може да се здивне, и покрај тоа што факторот на преносливост е намален.
„Факторот на преносливост е намален. Ситуацијата на некој начин се смирува. Далеку е ова од ситуацијата кога можеме да кажеме дека дефинитивно можеме да здивнеме. Но се покажа дека вирусот е апсолутно непредвидлив. Немаме параметри со кои можеме да дадеме прогноза што ќе се случува понатаму“, рече Филипче.