Македонија 14. октомври 2020. / 11:42

Филипче: Вакцина за Ковид-19 кон крајот на годината или почетокот на следната

Филипче: Вакцина за Ковид-19 кон крајот на годината или почетокот на следната

Вакцината за Ковид-19 во земјава се очекува да пристигне кон крајот на годинава или во почетокот на следната, рече министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање, пишува Алсат.

Како што кажа тој, нарачката е направена и штом стане достапна сите земји од Европа ќе ја добијат со подеднаков приоритет.

Веќе аплициравме, вчера на влада се одобри нашето учество и треба да ја направиме уплатата. Првата вакцина којашто ќе стигне на пазарот ќе биде еднакво дистрибуирана помеѓу сите земји членки коишто аплицирале во „Ковакс“ механизмот. Значи, кога ќе ја добијат и најразвиените земји, тогаш вакцината ќе ја добиеме и ние, рече Филипче.