Македонија 11. февруари 2021. / 19:45

Филипче тврди дека 29.000 починати се тргнати од листите за вакцинација

Филипче тврди дека 29.000 починати се тргнати од листите за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче нема да побара вкрстување на базите на податоци од Фондот за здравство и на Мој термин за од листите да се извадат починатите лица, кои сега кај матичните лекари фигурираат во приоритетните за вакцинација, објави „Плусинфо“.

Матичните лекари реагираа дека на списоците за приоритетна вакцинација кој се појавуваат на Мој термин, се преполни со пациенти кои веќе се починати. Од Министерството тврдат дека 29.000 починати лица веќе се исклучени од списоците на активна фаза за вакцинација.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари Лилија Чолакова Дервишова утрово, на средба со Филипче му укажала за овој проблем, но ни таа немаше одговор дали ресорното министерство ќе побара вкрстување на податоците од двете бази.

Целиот текст на Плусинфо.