Македонија 25. октомври 2020. / 21:34

Филипче: Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична

Филипче: Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична

Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран, додава Филипче.

Тој очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени.

Исто така повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.