Во жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Тој на својот профил на фејсбук напиша дека потребна е да им се даде поддршка на медицинските работници.
Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата. Медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик. Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа, вели Филипче.
Тој апелира до граѓаните да се почитуваат мерките за заштита, бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници.