Македонија 17. март 2020. / 19:44

Филипче: Слета авион од Брисел во кој има наши државјани со симптоми на грип

Филипче: Слета авион од Брисел во кој има наши државјани со симптоми на грип

Авионот којшто доаѓал од Брисел и слетал на скопскиот аеродром, носи наши државјани коишто имаат симптоми на грип, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција.

Во овој момент се прави скрининг на сите патници. Тие што имаат симптоми ќе бидат однесени на Инфективната клиника да се тестираат и додека не стигнат резултатите, сите останати патници ќе чекаат на аеродром. Потоа, во текот на вечерта ќе одлучиме што точно ќе преземеме, рече Филипче.

Тој информираше и за петте нови случаи позитивни на коронавирус чии резултати стигнале попладнево. Станува збор за сопругата на еден од пациентите за кого претходно беше потврдено дека е позитивен на вирусот, а останатите четворица се медицинскиот персонал од приватната амбуланта за педијатрија од Дебар.