Македонија 11. февруари 2021. / 22:32

Филипче: Следната недела потпишуваме драфт договор со Фајзер за набавка на вакцини

Филипче: Следната недела потпишуваме драфт договор со Фајзер за набавка на вакцини

Според последната најава, драфтот на договорот со компанијата Фајзер треба да пристигне на почетокот од следната недела.

Ова во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 го посочи министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека во сите разговори им се укажува дека се под голем притисок од сите земји.

Тоа на некој начин е разбирливо во ситуација кога станува збор за прилично нов продукт кој за прв пат се јавува на пазарот, додава министерот Филипче.