Денеска е Митровден, голем празник за многу семејства кои го празнуваат како домашна слава, а многумина го одбележуваат и како свој именден.
Оваа куќна слава е една од првите зимски слави на кои се собира народот. Но, оваа година заради глобалната пандемија Ковид-19 куќните слави се слават во многу помала бројка од порано, со цел да се избегне групирање и да се спречи ширењето на овој вирус.
Па Митровден, следуваат многу други прослави и куќни слави, па токму затоа се огласи и нашиот министер за здравство.
Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје и грижа за здравјето на нашите најблиски, се огласи Венко Филипче на Твитер.
Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје и грижа за здравјето на нашите најблиски. pic.twitter.com/W65tYj1zOM
— Венко Филипче (@VFilipche) November 8, 2020