Македонија 19. мај 2020. / 10:59

Филипче: Сите оздравени кои можат да донираат плазма да го сторат тоа за да спасат живот

Филипче: Сите оздравени кои можат да донираат плазма да го сторат тоа за да спасат живот

Министерот за здравство Венко Филипче на својот„ Фејсбук“ профил им се заблагодарува на сите оздравени пациенти од Ковид-19, кои донираа плазма за лекување на заболени.

-Апелирам до сите што можат да донираат, да го сторат тоа. На тој начин можете да спасите живот. Плазма може да даруваат луѓе кои го прележале Ковид-19 на Институтот за трансфузиона медицина, напиша Филипче.