Македонија 17. април 2020. / 18:45

Филипче: Секој од вас што седи дома е херој

Филипче: Секој од вас што седи дома е херој

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот Фејсбук профил ги пофали сите граѓани што седат дома  и ги нарече херои.

Секој што седи дома, секој од вас е херој. Не заборавајте – токму вие давате значаен придонес во борбата со коронавирусот, кој го смени животот на милиони луѓе ширум светот,  Знаеме дека не е лесно. Ви благодариме – објави Филипче на Фејсбук.