Македонија 18. март 2020. / 15:09

Филипче: Се тестираат 30 лица, едно од Куманово и едно од Скопје, останатите од околината на Дебар

Филипче: Се тестираат 30 лица, едно од Куманово и едно од Скопје, останатите од околината на Дебар

Има четири ново заболени лица и вкупниот број сега се искачи на 35 заболени од коронавирус, изјави на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Во моментов се прават анализи на 30 лица, едно од Куманово, две од Скопје, а останатите од околината на Дебар.

Од авионот од Брисел кој слета синока, тестирани се сите патници,  сите тестови се негативни  и сите патници се пуштени во домашна изолација.

Преку Деве Баир, девет лица се прегледани од епидемиолог , ќе бидат префрлени од Пепелиште  во Заводот во Демир Капија.

Сите да се придржуваат до препораките, апелираше уште еднаш, министерот за здравство.