Македонија 01. јуни 2020. / 16:35

Филипче: Се размислува за воведување карантин за Гази Баба и делови од Штип

Филипче: Се размислува за воведување карантин за Гази Баба и делови од Штип

Комисијата за заразни болести размислува за ставање во карантин на одредени скопски општини кадешто бројот на заболени постојано се зголемува, како и за делови од Штип.

Се размислува за карантин за Гази Баба, делови од Штип, како и враќање на полицискиот час по општини, но за тоа ќе се решава во текот на неделата – најави министерот за Здравство, Венко Филипче.