Македонија 26. мај 2020. / 20:35

Филипче се пожали дека дел од граѓаните не веруваат дека коронавирусот постои

Филипче се пожали дека дел од граѓаните не веруваат дека коронавирусот постои

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција потврди дека мерките се олабавуваат, па сега многу ќе зависи од самите граѓани – како ќе се однесува вирусот во иднина. Порача дека само почитување на мерките за носење маска, одржување дистанца и често миење раце ќе придонесат да се запре ширењето на корона вирусот.

Денеска се точно три месеци откако го имавме првиот случај коронавирус во нашата државата. Тоа е таа пациентка која дојде од Италија, од тогаш започна борбата со вирусот. И после три месеци, се наоѓаме на раскрсница. Дали да се отвараат објектите, бизнисите, повремено и границите или доколку мерките не се почитуваат – после неколку месеци ќе мора повторно да воведуваме строги мерки, рече Филипче.

Според него огромен број на граѓани покажуваат свест и се придржуваат до мерките. Но, за жал има дел што не се придружуваат до мерките, па дури и не веруваат дека вирусот воопшто постои.

Сите досегашни мерки се носеа врз науката и медицината. Никогаш нема да носиме мерки кои би биле лоши за здравјето на граѓаните, без разлика на се друго. Ја чекаме вакцината и стекнување на колективниот имунитет. Сега граѓаните ќе бидат тие кои се одговорни за се. Ќе мора да се држат до мерките, да ги мијат рацете и да одржуваат дистанца, рече Филипче.