Сега не е период во кој треба да се прават такви значајни суштински промени, изјави министерот за здравство Венко Филипче, прашан дали се откажале од проектот јавно-приватно партнерство со најавените нови планови за брза помош.
Тој рече дека тоа е еден комплексен процес во кој треба да учествуваат повеќе фактори и претставници од Министерството за финансии, економија, експерти…
– Тоа се процеси кои искрено верувам дека треба да се разгледаат дали и во кој сегмент во нашето здравство треба да се имплементираат. Мора да потсетам дека имаме здравствен систем во кој тој систем на приод на јавно партнерство и концесионерство одлично фуннкционира години наназад во сферата на примарното здравство, понатаму во некоја форма и во аптеките. Верувам студиите ќе покажат кој е следниот чекор, рече Филипче.
Министерот Филипче објаснува дека најдобро решение е јавно приватно партнерство на брзата помош, каде приватниот сопственик ќе сноси одговорност пред министерството за здравство. Според него парите кои ги одредува фондот ќе било подобро искористени.