Македонија 23. мај 2019. / 23:00

Филипче се обидува својот низок рејтинг да го поправи со помош на ПР експерти

Филипче се обидува својот низок рејтинг да го поправи со помош на ПР експерти

Министерот за здравство Венко Филипче во последните неколку месеци упорно се обидува својот рејтинг да го поправи со помош на надворешни ПР експерти или ПР агенции, дознава НОВА.

Откако во јавноста излегоа информации за скандалозните тендери, реакциите на тешко болните пациенти кои тврдат дека немаат лекови, по случајот со вакцинацините кои беа пред истек на рокот што ја вознемири јавноста, а особено откако се најде во анкетите на врвот на листата меѓу оние министри кои треба да бидат сменети, тој интензивно бара помош од ПР експерти.

НОВА, односно авторката на текстот уште пред повеќе месеци беше информирана дека ПР експерт ќе ги преземе работите во свои раце, со цел да му помогне на Филипче. Експертот објасни дека тоа го прави со намера да му помогне на министерот, а не за финансиски надоместок. После извесно време соработката прекина.

По ова, министерот Филипче побарал услуги од уште еден ПР експерт кој првично прифатил, но таму успеал да остане само два дена, по што си заминал. НОВА има сознанија дека во моментот Филипче користи услуги од уште едно ПР лице или агенција, но експертот кој го контактиравме потенцираше дека немаат никаков договор со Министерството за здравство и дека таму оди затоа што има пријатели во кабинетот. Нејасно е, зошто Флипче бара услуги од ПР лица кога се знае дека во Министертството со години постои служба за односи со јавност и таму има неколку вработени кои си ја знаат работата.

Целиот текст на НОВА може да го прочитате тука.