Македонија 05. март 2021. / 20:52

Филипче: Руската вакцина ќе стигне во недела, се разговара за деталите и со „АстраЗенека“

Филипче: Руската вакцина ќе стигне во недела, се разговара за деталите и со „АстраЗенека“

Согласно најавите коишто ги имаме денеска во разговорите со претставници и на Руската амбасада и на компанијата, најавата е дека руската вакцина Спутник ќе стигнат во недела со специјален транспорт, преку компанијата ДХЛ секако во соодветно пакување, ладен ланец, запазување на тие температури, изјави министерот за здравство Венко Филипче во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека ова е вакцина која што за разлика од Фајзеровата се чува на температура од – 18 до -20 степени, за што нашата инфраструктура е спремна. По преземањето ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на вакцинацијата во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје.

-Соодветната административна постапка што се однесува до увозните дозволи, дозволите коишто треба да се добијат од страна на Агенцијата за лекови МАЛМЕД за да се пушти таа серија во промет веќе денеска започнаа заради тоа што дел од документите ги добивме. Така што, очекувам дека еве доколку стигне во недела какви што се најавите многу рано, на почетокот на следната недела да почне вакцинацијата и со вакцината Спутник V, рече Филипче.

Ова е вакцина која што ќе биде наменета за три илјади граѓани заради тоа што, како што рече, првата вакцина и ревакцината се практично со различен вектор, зема обврска компанијата за најмногу три недели, односно нешто порано за да може да се организира и процесот на ревакцинација стигнат и дополнителните три од ревакцините, а во меѓувреме се чекаат информации и за останатата динамика.

Министерот за здравство потсети дека овие денови почнале разговори со „Астра Зенека“ за количина од 200.000 дози и додаде оти се разговара за деталите. За кинеската вакцина, Филипче вели дека се разговара за тоа и додаде оти за тоа зема обврска кинеската страна, дека целокупната количина ќе стигне веднаш, но не наведе рок.

Филипче уверува дека сме подготвени за масовна вакцинација на населението. Досега околу 3.500 здравствени работници се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, вакциналните пунтови насекаде низ земјава се подготвени, има едуцирани доктори и сестри за работа со вакцините и смета дека процесот треба добро да се одвива. Информира дека околу 120.000 граѓани досега се пријавени за вакцинација и најави дека се планира почеток на кампања.