Комисијата за заразни болести препорача оваа недела да се отворат и да се стават во функција центри за едукација и обука, семинари за возрасни, авто школи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови како тенис, обложувалници преку шалтер и шопинг молови, но без угостителските дејности, информира министерот за здравство Венко Филипче.
По следењето на состојбата, тој најави дека од наредната недела ќе се отворат угостителските објекти со послужување и тренинзи на отворено за колективни спортови. По ова, уште една недела подоцна, следува овзможување на игрите на среќа, автомат клубови, теретани, базени и хотели.
Комисијата го дала предлогот за редуцирање на мерките по анализата која вклучува три критериуми кои ги зема предвид и Светската здравствена организација, вклучувајќи го тоа дали епидемијата е ставена под контрола и дали може здравствениот систем да се справи и да го изменаџира бројот на пациенти сега и со повторно појавување на случаи.
Предлогот на Комисијата, преку Министерството за здравство ќе биде доставен до Владата.