Македонија 19. ноември 2020. / 15:53

Филипче: Полициски час ќе нема ефект, овие мерки се доволни

Филипче: Полициски час ќе нема ефект, овие мерки се доволни

По денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој е донесена препорака за прогласување на кризна состојба, на новинарско прашање зошто не се воведува полициски час министерот за здравство Венко Филипче истакна дека таквата рестрикција не би имала никаков ефект.

-Рестрикција во движењето, во смисла на полициски час сега сметаме дека нема да има никаков ефект. Заради тоа што тоа што треба да се превенира се групирањата и тоа што задолжително треба да се прави е да се носат маските и на отворено и во затворено. Тоа се основните принципи за превенција на ширење на вирусот, рече Филипче.

Од почетокот на пандемијата, нашата земја брои 50.015 заразени лица, 19.035 активни случаи, 29.583 излечени пациенти, како и 1397 кои ја загубија битката со Коронавирусот.