Македонија 28. јуни 2019. / 17:04

Филипче: По реакциите државата да плаќа операции за промена на полот ретериравме бидејќи сме демократи

Филипче: По реакциите државата да плаќа операции за промена на полот ретериравме бидејќи сме демократи

Невладината организација „Х.Е.Р.А.“, пак, која се залага за унапредување на човековите права на сите луѓе во областа на сексуалното и репродуктивното здравје нема никаков став на оваа тема. Од „Х.Е.Р.А.“ се оградија од прашањето дали тие сметаат дека промената на полот треба да биде на државен трошок. Велат дека стручните организации кои се влучени во овој процес се тие што требало да дадат стручно мислење.

Ние сме демократи и по реакциите во јавноста за одлуката државата да плаќа операции за промена на полот ретериравме,  вели министерот за здравство, Венко Филипче. Можеби требаше да се објасни уште на вчерашниот настан, но ги почитуваме реакциите на јавноста, додава Филипче.