Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во националната стратегија е планирано да се прави скриниг на антитела, но не сега, туку некаде на средина или кон крајот на летото.
Министерпт посочи дека тестовите ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од комисијата за заразни болести.
Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме веднаш по попуштање на мерките или некаде на лето, со цел да го процениме имунитетот на возрасните над 65 години, понатака на децата во школска возраст или на работоспособното население – изјави Филипче.
Ваквиот скрининг би требало да биде еден еден од показателите за димензионирање на мерките, тогаш кога евенетуално надлежните би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста.
Дали тоа ќе биде на есен или не, ќе ја пратиме епидемиолошката криза и врз основа на тоа ќе дадеме мислење и за тоа како можеби ќе треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината – изјави Филипче.