Добрите вести се предвесник дека овој тежок период има крај и заедно ќе успееме да надминеме, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
Се радувам за сите оздравени пациенти, за нивните семејства и најблиски. Се надевам дека сѐ почесто ќе слушаме добри вести. Благодарност до целиот медицински персонал кој даде сѐ од себе да им помогне, како и до пациентите и нивните семејства за соработката, дисциплината и трпеливоста, напиша Филипче на Фејсбук.