Македонија 15. March 2019. / 19:12

Филипче откри зошто се фрла дел од донираната крв

Филипче откри зошто се фрла дел од донираната крв

Современ и европски начин на третирање на крвните единици има во Институтит за трансфузиона медицина во Скопје. Тоа што се случува со фрлањето одредени количини крв е затоа што после донирањето крвта се дели на различни елементи еритроцити, тромбоцити и крвна плазма и не секој од тие делови има еднаков век на траење, истакна денеска во Велес министерот за здравство Венко Филипче.

– Еритроцитите можат да стојат неколку дена, тромбоцитите повеќе недели, а плазмата повеќе месеци и затоа се случува и таквото фрлање. Значи станува збор за строго контролиран процес. – рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето признанија на општинските организации на Црвениот крст, во пресрет на 17 Март, Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството.