„Вирулентноста значајно слабее. Анализата на симптомите во изминатите 7 дена покажува дека има огромен број на случаи што се асимптоматски и со многу лесни симптоми, близу 90 проценти“, рече министерот Венко Филипче.
„Но ова воопшто не треба да значи дека вирусот не е опасен, сведоци сме дека и сега има пациенти што имаат тешка клиничка слика. Уште една причина граѓаните многу да внимаваат и да ги почитуваат мерките, пред сè тука мислам на хронично болните. Иако бројката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите, или на тие лица што веќе се во изолација, што беше констатирано со овие тестови направени во изминатите повеќе денови“, рече Филипче.
„Вирусот е тука, се шири, непочитувањето на мерките ќе значи само продолжување на кризата и никако не им помага на целиот тим епидемиолози, сите вклучени во оваа борба, кои три месеци интензивно работат“, порача Филипче и рече дека во недела комисијата ќе има состанок на кој ќе се дискутира за понатамошните чекори.