Македонија 05. јуни 2020. / 17:31

Филипче: Одењето на скопјани во туристичките места не е проблем

Филипче: Одењето на скопјани во туристичките места не е проблем

Министерот Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција зборуваше за големиот бран на граѓани кои вчера во попладневните часови излегоа од Скопје, но и од другите градови каде има карантини и заминаа кон туристичките места.

Тој рече дека очекувано е кога има продолжен викенд граѓаните да одат во туристички места, но и во викендите кои ќе следуваат а кога се очекува да има убаво време. Тој вели дека планирано е во следната фаза на олабавување на мерките да се отворат и хотелите.

Сепак, Филипче потенцираше дека каде и да се наоѓаат граѓаните, дали во своите живеалишта или на други места, како што се туристичките места, мора да ги почитуваат мерките за носење заштитна опрема, да нема групирање и останатите мерки.