Македонија 09. февруари 2021. / 12:06

Филипче: Од утре секој ќе може да се пријави на сајтот за вакцинација против Ковид

Филипче: Од утре секој ќе може да се пријави на сајтот за вакцинација против Ковид

Од утре се пушта сајтот за пријавување за вакцинација, најави денеска министерот Венко Филипче по обиколката на поликлиниката Бит Пазар каде се сместени фрижидерите кадешто засега ќе се складираат кинеските вакцини на Синофарм кои се порачани и се очекуваат да пристигнат со авионски транспорт до крајот на месецот.

-Ќе може да се пријави буквално секој за вакцинација, а системот автоматски ќе ги генерира приоритетните, рече Филипче.

Министерот не најави заострување на мерките затоа што бројките на новозаразени не се толку алармантни, но се следи британскиот сој на коронавирусот кој од минатиот месец е присутен и во Македонија.