Продолжува тестирањето на сите контакти на заболените во кризните општини, од денес до вчера таргетирано се тестираше, и кластерската анализа покажува дека околу 15 семејства вкупно носат околу 90 проценти од новозаразените, рече министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Болеста се шири тесно во овие кластери, но има и нови спорадични случаи кои не може да се поврзат со овие семејства, што значи дека вирусот постои и воопшто не значи дека нема и надовр од овие калстери и затоа остануваме максимално претпазливи– рече Филипче.
На самиот почеток министерот ја изнесе денешната статискика за новозаразените пациенти со ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември” почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај- истакна Филипче.