Македонија 14. април 2020. / 17:25

Филипче објасни на кои деца ќе им биде дозволено излегување викендов во присуство на родител

Филипче објасни на кои деца ќе им биде дозволено излегување викендов во присуство на родител

По барање на родителите да се одредат неколку часа во денот кога еден родител би можел да ги прошета децата до 10-годишна возраст, министерот за здравство вели дека така ќе се наруши редот и дека постои можност за собирање помали гурпи околу зградите.

Но, затоа пак, разгледуваат можност да им се дозволи излегување на децата со аутизам кои имаат воспоставено рутина, која ако се наружи, може да доведе до влошување на сотојбата на децата.

За ова ќе се разговара утре на Комисијата за заразни болести, по што ќе се донесе одлука, пред претстојниот Велигденски викенд кога во карантин целата земја ќе биде од петок попладне до вторник наутро.