Македонија 26. мај 2020. / 23:24

Филипче: Новинарите ќе бидат земени предвид за скрининг за коронавирусот

Филипче: Новинарите ќе бидат земени предвид за скрининг за коронавирусот

Медиумските работници може да бидат земени предвид за скрининг за коронавирус, иако во иницијалниот план не беа ставени на Комисијата за заразни болести.

Вака министерот за здравство, Венко Филипче одговори на прашањето на Слободен печат дали и новинарите и медиумските работници ќе бидат вклучени во скринингот за коронавирус во кој се вклучени полицијата, вработените во градинките и други категории на граѓани кои имаат голем број контакти со граѓани, поради природата на својата професија.

-Сметам дека и од оваа интензивна комуникација видовме дека се сосема коректни и добро се придржуваат до превентивните мерки, рече Филипче.