Македонија 01. март 2019. / 19:01

Филипче: Неколку заразени со морбили се во тешка состојба

Филипче: Неколку заразени со морбили се во тешка состојба

Четири лица заразени со мали сипаници кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се во тешка состојба, но засега не се во животозагрозувачка состојба, кажа министерот за здравство Венко Филипче, пренесува СДК.мк.

Министерот додаде дека на Клиниката за инфективни болести се лекуваат 29 заболени од морбили, од кои 11 се возрасни, а останатите се деца.

– Иако, тоа е состојба која дополнително може да се искомплицира затоа што станува збор за тешко воспаление на белите дробови. – рече Филипче.

По информациите од Институтот за јавно здравје дека епидемија на морбили е прогласена и во Гевгелија и дека надвор од Скопје има 25.000 невакцинирани деца, тој рече дека засега нема да прогласат епидемија на територија на цела земја, и дека ги разгледуваат бројките за секој град посебно.