Македонија 01. јуни 2020. / 16:40

Филипче не исклучува полициски час викендов поради Задушница

Филипче не исклучува полициски час викендов поради Задушница

Сите опции се отворени, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето дали се можни рестрикции за викендов.

Православните верници во сабота го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата. Поради ова, Филипче рече дека состојбата се следи и дека во следните неколку дена ќе се знае дали видендов ќе има нови рестрикции, како на пример полициски час.