Македонија 01. јуни 2020. / 16:25

Филипче: Не е време за отворање на границите

Филипче: Не е време за отворање на границите

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека со оглед на тоа дека се зголемува бројот на новозаболени, Македонија не треба да ги отвори своите граници за соседите и за странци од други земји.

Филипче вели дека е свесен оти Србија ги отвора границите, исто и Бугарија, но дека постои ризик луѓето што од кај нас би патувале во странство, а потекнуваат од општини каде има зголемен број новодијагностицирани случаи, да претставуваат потенцијален ризик за ширење на заразата.

Исто така и при враќање. Поголеми се шансите за некој кој патувал и остварил повеќе контакти со различни луѓе, да се зарази и да ја увезе болеста – вели Филипче.

Тој укажа дека ситуацијата се следи и дека се разговара и во Комисијата за заштита од заразни болести и со соседните земји, а одлуки ќе се носат дополнително.