Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека набавката за вакцината против Ковид-19 ќе се врши преку механизмот КОВАКС при Светската здравствена организација.
Ковакс механизмот е механизам на СЗО којшто ќе обезбеди рамноправна дистрибуција на соодветна количина на вакцини согласно популацијата во одредени земји се додека не се достигне 20 проценти од населението да биде вакцинирано. Во однос на активноста на ЕУ, тие потпишаа билатерален договор со компанијата АСТРА ЗЕНИКА за земјите членки на ЕУ и ние добивме писмо со понуда од Полска преку полскиот амбасадор во нашата земја. Сакам да му изразам благодарност дека може да купиме соодветна количина од нивната, предвидена за нивната земја, изјави Филипче вчера во интервјуто за телевизија Клан.