Македонија 28. септември 2020. / 23:22

Филипче: Најризичен период ќе биде јануари

Филипче: Најризичен период ќе биде јануари

Најризичен период кој следува во однос на коронавирусот е јануари, најавува министерот за здравство, Венко Филипче.

Во вечерашната Топ Тема на Телма објаснува дека јануари е период кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе поминуваат повеќе време во затворен простор.

Тој е категоричен дека полициски час нема да има на ниво на држава, без оглед на епидемиолошката слика, туку можно е само во одредени општини или населби.

Сепак, предупредува дека казни за неносење маска мора да има, бидејќи е неприфатливо да не се почитуваат мерките.