Скандалозниот тендер за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра, кој лани беше поништен откако „Лидер“ откри како тој се наместил за една скопска компанија стара само неколку месеци, повторно ќе се реализира – најави министерот за здравство Венко Филипче во неговото последно интервју за Фактор.
-Ја подготвуваме новата набавка. Со оглед на тоа што имаше многу шпекулации во јавноста би сакал да појаснам дека централизирана набавка значи и голема заштеда. Со таа набавка од 35 милиони евра беше предвидено тригодишно буџетирање. Постапката ќе ја повториме до крај на оваа година или почетокот на следната согласно препораките на второстепената комисија која ни укажа што треба да направиме и тоа ќе го спроведеме. – вели Филипче за Фактор.
Вчера, „Економски Лидер“ откри дека нов скандал на повидок за министерот Венко Филипче во кој повторно е вмешан фамозниот Александар Јовановски – Жути.
Како што дознава „Лидер“ од извори во министерството за здравство, познатиот „крал на реагенсите“ сега ќе влегува во бизнисот со јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции.
-Дел од опремата која ја набави а не ја искористи за лабораториите ќе ги искористи во новата набавка. – брифира нашиот извор.
Нашиот извор додава дека по најава за техничка влада и изборите што следат, министерот на големо сака да го забрза потпишувањето на договорот за оваа набавка, која тој ја квалификува како криминална.
-Од страна на медиумите оваа мерка беше оценета како нерегуларна како тука така и во соседна Албанија за која може да има и кривични постапки, за кои им е многу повеќе од јасно дека ќе следуваат бидејќи не доволно познавање на материјата и големите трошоци кои не беа доволно предвидени и разработени од нивна страна на крајот ќе бидат платени од граѓаните. – вели нашиот извор.
За Александар Јовановски – Жути и неговата компанија токму „Економски Лидер“ лани откри дека се дел од криминал вреден над 35 милиони евра. По што, откако беше фатен во „офсајд“, Филипче го поништи тендерот. Тогаш, со фирма стара само неколку месеци, регистрирана на меил [email protected], Филипче и Јовановски се обидоа да извлечат милиони преку централизирана набавка на реагенси за сите болници.
Повеќе детали за овој огромен скандал, на следниот линк.