Од прес-службата на Владата информираат дека во 16 и 30 часот министерот за здравство, Венко Филипче, ќе одржи прес-конференција.
На прес-конференцијата, министерот Филипче ќе ги соопшти најновите податоци за ширењето на епидемијата на корона вирусот во Македонија, како и најавеното заострување на мерките што ќе бидат преземени пред претстојниот продолжен викенд.
Прес-конференцијата може да ја проследите вон живо на следниот ЛИНК.