Македонија 31. март 2020. / 17:20

Филипче: На Инфективна клиника четири пациенти се во критична состојба

Филипче: На Инфективна клиника четири пациенти се во критична состојба

Имаме две починати лица од коронавирусот, вчера во текот на денот, односно после полноќ маж на возраст од 45 години од Куманово, е префрлан на Инфективната клиника, каде за жал починал, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Другиот пацинет е на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово, како што се посочува имал дијабетес, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања- рече Филипче.

54 лица во моментов се лекуваат на Инфективната клиника, 4 од нив се во критична состојба, 20 имаат потреба од кислородна маска, на другите лица не им е потребен дополнителна поддршка од кислород, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово – 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола – 3, Струга – 2, Штип – 1 и Прилеп – 1.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 176, Дебар – 47, Куманово – 47, Штип – 15, Тетово – 8, Прилеп – 10, Струга – 7, Велес – 6, Битола – 4, Охрид – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 1, Крива Паланка – 1, Струмица – 1, Гевгелија – 1.