Честит Илинден! На денот кога ги чествуваме сите херои низ историјата на нашата земја во име на борбата за слобода и независна држава, наше е, на сите нас заедно да го дадеме својот влог во доброто на земјата.
Борбата не запира, но денес се бориме да го заштитиме здравјето нашето здравје и да го победиме невидиливиот непријател.
Мораме сите заедно сплотени, без исклучок да го дадеме својот дел, својот придонес во борбата против коронавирусот – да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себе, своите најблиски, јавното здравје и хероите на нашето време – здравствените работници, стои во честитката од министерот за здравство, Венко Филипче.