Македонија 31. март 2020. / 18:06

Филипче: Многу општини бараат целосен карантин

Филипче: Многу општини бараат целосен карантин

Филипче вели Куманово не е единствената општина што бара ригорозни мерки или целосен карантин по примерот на Дебар и Центар Жупа. Сепак, вели се прават анализи каде е потребно воведување поголеми рестрикции, врз основа на поврзаноста на заболените.

Свесни сме за барањата, но барања има од повеќе општини. Ние одлуките ги носиме врз основа на проценката на епидемиолозите, на поврзаноста на случаите детектирани до тој момент, каква е нивната релациј во однос на кластерите, во однос на иницијалниот извор на болеста. Во таа смисла динамички ја пратиме ситуацијата и не би судел сега во овој момент врз основа на денешните тестови дека може да се процени во која насока ќе оди детекцијата на случаи конкретно во Куманово, но будно ја пратиме состојбата, изјави Филипче.