Македонија 12. февруари 2021. / 10:29

Филипче: Маските ќе ги носиме уште долго време

Филипче: Маските ќе ги носиме уште долго време

Министерот за здравство Венко Филипче во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека заштитните маски ќе ги носиме уште долго време.

-Мислам дека веројатно ќе ги носиме уште долго време, согласно тоа што досега го знаеме за вирусот и добро е да ги носиме маските, добро е да ги заштитиме сите луѓе околу нас, такви веројатно ќе бидат препораките за до крајот на оваа година, вели Филипче.