Македонија 05. февруари 2019. / 18:18

Филипче: „Македонија лек“ повеќе не ги претставува вакцините на „Глаксо Смит Клајн“

Филипче: „Македонија лек“ повеќе не ги претставува вакцините на „Глаксо Смит Клајн“

Компанијата „Македонија лек“, која е една од фирмите која конкурирала на тендерот на министерството за здравство за набавка на вакцини повеќе не ги претставува вакцините на „Глаксо Смит Клајн“ и е застапник на некои други вакцини кои претходно ги носела од други производители, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Во врска со тоа што понатаму со компанијата, тој посочи дека не би сакал да коментира додека не заврши истрагата на Основното јавно обвинителството.