Македонија 06. август 2020. / 15:36

Филипче: Мајките кои се заразени со Ковид-19 можат безбедно да ги дојат своите бебиња

Филипче: Мајките кои се заразени со Ковид-19 можат безбедно да ги дојат своите бебиња

Мајките кои се суспектни или COVID-19 позитивни можат безбедно да ги дојат своите бебиња, треба и пожелно е, бидејќи ако се престане со доењето, ќе се намали и количеството мајчино млеко, а со тоа и заштитните фактори коишто ги содржи, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Мајчиното млеко содржи антимикробни фактори: секреторен ИгА, ИгМ, ИгГ, олигосахариди, лизозими, леукоцити и таканаречени цитокини и антиинфламаторни фактори, напиша Филипче