Македонија 02. август 2020. / 15:48

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче.

Tој апелира на почитување на мерките за заштита од ковид-19, за време на одморите.

Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете! – порачува министерот.