Македонија 26. октомври 2019. / 15:00

Филипче: Лековите се достапни за граѓаните и кон крајот на месецот

Филипче: Лековите се достапни за граѓаните и кон крајот на месецот

Министерот за здравство, Венко Филипче, посети неколку аптеки во општина Прилеп за да се информира како тече мерката со укинувањето на квотите за лекови на рецепт.

– Граѓаните на Прилеп имаат редовен пристап до лекови во текот на целиот месец. За првпат сите граѓаните имаат достапни лекови кон крајот на месецот. Тие без проблем ја земаат потребната терапија. Го решивме деценискиот проблем. Секој пациент е снабден со лекови согласно реалните медицински потреби, без да прават залихи на лекови во нивните домови – изјави министерот Филипче.