Mинистерот за здравство Венко Филипче, изјави дека Комисијата за заразни болести не е надлежна да кажува кога треба да се одржат изборите, туку само да изработи здравствен протокол во однос на нивната имплементација.
Тој на прес-конференција истакна дека претседателот на државата, Стево Пендаровски побарал од Комисијата да го изработи здравствениот протокол. Како што вели Филипче, лидерите на партиите се тие кои треба да одлучат за датумот на нивното спроведување.
Од Комисијата е побарано од страна на претседателот Стево Пендаровски да се изработи тој протокол, експертите го изработија ги земаа предвид сите аспекти кои што се актуелни во врска со спроведување на изборите, во однос на тајмингот на изборите ние не сме надлежни тоа да го кажеме заради тоа што изборите имаат повеќе аспекти. Ова што се побара од нас беа само да се изрботат некои здравствени аспекти во смисла на имплементација на протоколи, меѓутоа има и многу други аспекти на изборите – изјави Филипче во одговор на новинарско прашање.