Македонија 29. мај 2020. / 15:07

Филипче: Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на вонредната состојба

Филипче: Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на вонредната состојба

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата продолжување на вонредната состојба во пресрет на најавената седница на Советот за национална безбедност, што е закажана кај претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Апсолутно да, беше категоричниот одговор на министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека зад ваквиот предлог не стои само развојот на настаните поврзани со зголемениот број новозаболени од корона вирусот, туку и други важни работи.

За предлогот на Комисијата ќе треба да се изјасни Владата, но засега е неизвесно кога ќе одлучува за ова. А, од нејзината одлука, пак, ќе зависи и одлуката на шефот на државата дали ќе има продолжување на вонредната состојба и во крајна линија одредувањето на датумот за парламентарните избори.