Не се знае точно кога, но кинеските вакцини ќе бидат приви кои ќе пристигнат во земјава, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Очекува тоа да се случи до крајот на месец февруари.
-Ние сме во завршната фаза од преговорите и практично во месец февруари, првата количина на вакцини која ќе пристигне во нашата земја, ќе бидат киенските вакцини и ние пактично целосниот процес на имунизација и веќе спремниот систем ќе започнеме со тие вакцини. Не би шпекулирал со точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа и потоа ќе го објавиме, рече Филипче.
Тој додаде дека станува збор за 200.000 вакцини и се очекува да пристигнат до крајот на месецот. Потенцираше, дека не се започнати преговори за набавка на руската вакцина.