Министерот за здравство, Венко Филипче, и претседателот на Комисијата за заразни болести, прим. д-р Жарко Караџовски и директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери, денескa, (понеделник, 8.6.2020 година), во 16:00 часот, ќе одржат прес-конференција.
Комисијата за заразни болести ќе ѝ препорача на Владата враќање на полицискиот час, но од 22 до 5 часот во критичните места со голем број активни случаи на ковид-19, како Скопје, Тетово, Штип и Куманово.
За останатиот дел од државата не се препорачуваат дополнителни рестрикции.
Предлогот за враќање на полицискиот час во овие места е најмногу за да се ограничи движењето на младите, поради тоа што тие неконтролирано се собираат по паркови, на Водно и слично, а угостителските објекти што продаваат брза храна работат и по 22 часот.