Македонија 10. септември 2020. / 11:15

Филипче го пролонгираше рокот за враќање на работа на хронично болните

Филипче го пролонгираше рокот за враќање на работа на хронично болните

Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче денеска оствари средба со здруженијата на пациенти Борка, Живот со предизвици, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, Нефрон, Хепар центар, Пеперутка и Алијанса на Пациентски Организации – АПО.

На средбата било договорено хронично болните да имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. За да можат тоа да го реализираат Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин.

Исто така на средбата било заклучено дека доколку хронично болните не добијат потврда до 23 септември, ќе има ново пролонгирање.

Пациентите кои имаа важечки боледувања по сегашниот систем можат да ги продолжат боледувањата без да доаѓаат на преглед. А за новиот систем за да се добие боледување кое важи подолго време, ќе има повеќе термини и е-амбуланта за да се закаже специјалистички термин. Специјалистот ќе процени дали физички да дојде пациентот или може да се процени по документација и да се даде подолго боледување, изјави Филипче вчера за Тв Сител.