Македонија 15. октомври 2019. / 13:39

Филипче го осудува земањето мито за интервенции, институциите да си преземат санкции

Филипче го осудува земањето мито за интервенции, институциите да си преземат санкции

Министерот за здравство Венко Филипче го осуди случајот на неговиот заменик Асим Муса кој во видео снимка која беше објавена вчера се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.

– Ги осудувам сите случки во кои се зема пари за интервенција. Тоа не е начин да се функционира во било кој систем, па и во нашиот здравствен систем. Секаде има санкции за таквите постапки. Се обидуваме со сите наши мерки да ги стимулираме лекарите, со зголемување на платите, на дежурствата и со таа тенденција и со тие политики ќе продолжиме и во иднина, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека треба да се има неселективен пристап без оглед на функциите кои се имаат, а институциите да си преземат санкции доколку сметаат дека за тоа има простор за кого било.

Заменик-министерот за здравство Асим Муса, денеска на прес-конференција рече дека се повлекува од функцијата.