Епидемијата на ковид-19 го достигна пикот пред една недела и од тогаш бројките се стабилизирани и се на ниво на едно плато, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Филипче информираше дека бројот на активни случаи се стабилизира и, како што рече, очигледно е дека мерките даваат резултати. Сепак, апелираше до граѓаните да разберат дека вирусот ќе опстане и дека е широко распространет, па да ги почитуваат мерките.
И во регионот и во земјава најголемиот предизвик е менаџирање на болничките капацитети, како и недостатокот на болнички кревети и персонал. Сепак, вели дека бројот на нови случаи успорува, а Р0 факторот е намален и практично изнесува 1. Смртноста,, односно зголемување, додава е тренд насекаде, но охрабрува што расте бројот на оздравени и на домашно и болничко лекување, рече Филипче.
Во однос на болничките капацитети, вели дека во сите болниците има слободни кревети, а мобилизиран е целокупниот кадар на клиниките, дел од приватните специјализанти, како и дел од младите и лиценцирани лекари.